Германците ги поделија местата за Европа

Викендов се играше 32 коло во најсилната светска лига, Бундеслигата и сега на две кола до крајот е прилично јасно како ќе изгледа финалната табела.
Нов првак на Германија ќе биде Кил доколку не „киксне“ двапати до крајот. Зад него е Магдебург кој со два бода помалку и 26 гола послаба гол-разлика сонува чудо. 
Кил ќе се пласира директно во Лигата на шампионите, а истото важи и за Магдебург кој би требало да го заземе 10 директно место во групната фаза, затоа што Германија е најдоброрангирана во Европската лига. 

Фуксе Берлин во финишот на сезоната загуби здив, запиша два пораза на последните три меча и за него ќе биде резервирано директното место во групната фаза на Европската лига. 

Флезнбург и РНЛ ќе играат во ЕЛ, веројатно едниот од нив во првиот, другиот во вториот квалификациски шешир. Еден од нив е потенцијален противник на Вардар во квалификациите.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk