Во резултатски една од најинтересните сезони во Португалија во последните години, екипата на Порто успеа со само еден бод предност пред вечниот ривал Спортинг да ја одбрани шампионската титула, а на пехарот има и македонски печат.
Во последното коло, екипата на Порто за која од 2020 настпува македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, беше подобра од екипата на Мадеира, како гостин (33-25) и ја одбрани предноста пред зелено-белиот ривал од Лисабон.
Порто следната сезона ќе го гледаме во Лигата на шампионите, со Никола Митревски како прв голман. Македонскиот репрезентативец потпиша продолжување на договорот сезонава, додека неговиот колега Себастијан Франдсен се враќа во родната Данска и ќе игра за екипата на Фредериција.
Нов колега на Митревски би требало да биде полскиот голман Матеуш Корнецки од Келце.
За Порто ова беше 24 шампионска титула, петта по ред.