Специјална чест за легендарниот пивот

Во недела, во последното коло од Асобал лигата, својот последен професионален меч ќе го одигра легендарниот шпански пивот Хулен Агинагалде.

Овој сега 40 годишен ракометар во 2020 година се врати во клубот од своето детство, Бидасоа и реши каде што ја почна таму и да ја заврши кариерата во која има и титула од Лигата на шампионите и тоа од оној легендарен меч меѓу Веспрем и Келце, на кој Унгарците прокоцкаа плус 9 за 15 минути и на крпајот се играше на пенали, а стрелец на последниот седмерец за победа на Келце и шампионски пехар беше - Агинагалде. 

Неговиот матичен клуб, Бидасоа, објави дека во недела ќе го повече од употреба бројот 13 кој пивотот го носеше во текот на кариерата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk