„Легендарен“ тренер оди во полски клуб

Екипата на Азоти Пулави од Полска, сезонава ја заврши на шестото место во првенството и не успеа да обезбеди излез во Европа. Клупската управа по завршувањето на сезоната се раздели со тренерот Роберт Лис и веднаш назначи нов тренер, со доста звучно име. 

Сергеј Бебешко, украинскиот тренер ќе биде на чело на колоната во Пулави следната сезона. Украинецот, познат многу повеќе по својот темперамент отколку по тренерските резултати во последниве 20 години. Како и да е, Бебешко си изгради статус и го го најде своето место под сонцето во тренерската фела. Главно со Мешков Брест е поврзана неговата кариера, таму беше од 2009 до 2013, потоа мина две години во Мотор Запорожје и одново се врати во Мешков Брест од 2015 до 2018. Потоа стана селектор на Украина, а неговиот последен тренерски ангажман беше во Русија во екипата на Донски Козаци. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk