Чуд(н)о како не го купија големите ѕверки

Европската лига е првото големо европско натпреварување на кое дојде крајот сезонава. На фајналфор турнирот во Флензбург, триумфираше германскиот Берлин, пред Гранољерс, Гепинген и Монпеље. 

Подвлечено статистички, индивидуалните награди се, сепак, за играчи што не се ни појавија на Ф4 турнирот. 

Најдобар стрелец со постигнати 135 гола од 13 натпревари е исландското крило Один Тор Рикардсон. Тој постигна и 48 гола од седмерец со импресивен процент на реализација од 92.3 %. Вкупно шутираше 52 пенали. 
Рикардсон импресионираше со 15 гола против Берлин, потоа 14 против Истад и 13 против екипата на Татран. По 10 гола на двата меча му даде и на вториот тим од Веспрем. 
Вистинско чудо е како ниту една од големите ѕверки не загриза за ова убиствено десно крило. Тој неодамна потпиша продолжување на договорот со неговиот сегашен клуб Кадетен Шафхаузен и со тоа стана многу поскап за евентуален натамошен трансфер. 

Колку и да е убава статистиката зад Рикардсон и фактот што Фабијан Виде од Берлин ја доби МВП титулата за финалниот викенд, според нас, МВП на целата Европската лига би требало да биде момче кое има само 18 години - Франциско Кико Кошта од Спортинг. 

На листата на стрелци тој е  на петтото место со 95 (15) постигнати голови, но воедно е и најдобриот асистент со 59 асистенции или заокружено 4 по натпревар. 

Голман со најмногу интервенции е Луан да Роса од Гранољерс со 183 успешни интервенции или 32% одбранети удари. 
Специјалист за седмерци и тоа со импресивна статистика е Адам Борбели од ФТЦ. Унгарскиот мајстор за пенали одбрани 14 од 32 пенали, безмалку секој втор пенал беше одбрана или вкупна статистика од 44 % одбранети седмерци. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk