-
28.05.2023
-
Вести, Планета ракомет
Екипата на ЦСКА Москва е новиот руски шампион. Екипата во која играат екс вардарците Данил Шишкарев и Димитри Кисељов, вечерва го совлада по втор пат тимот на Пермски медведи и со тоа ја доби финалната плејоф битка и шампионскиот пехар.
Тешко е да се објасни дали е ова првиот пехар на ЦСКА затоа што комплицирана е ситуацијата во Русија.
Имено, во времето на Советскиот Сојуз, екипата на ЦСКА имаше девет шампионски титули. Потоа, истиот тим освои уште четири во Руската Суперлига, во 1993, 1994, 2000 и 2001. Потоа дојде кризата и ЦСКА Москва се трансформираше во клуб што се вика Чеховски медведи. Овој тим од 2001/2002 е единствениот првак на Русија.
Сегашната, пак, ЦСКА, пак во ракометот влезе откако го презема клубот од Спартак Москва.