Талески и Моралес се поздравија со Вардар

фото: rkvardar.mk/Denis Dukovski

Предизвиците што доаѓаат за Вардар 1961 се големи. Клубот ја одигра својата најслаба сезона во последните 18 години и остана без сигурен настап во Европа, СЕХА, а згора на тоа ќе мора безмалку комплетно да го ремонтира тимот за следната сезона. 

Вообичаено во овој период од годината повеќе-помалку се знаеше составот на Вардар за наредната сезона, меѓутоа годинава тоа не е случај. Срдановиќ и Петриќ се најавени засилувања, но официјално не се потврдени од клубот. 

Тоа што е сигурно и извесно е дека двајца ракометари си заминуваат. И тоа двајца од најдобрите, Филип Талески првиот лев бек и Куни Моралес, првиот десен бек во тимот.

Филип Талески заминува за Бенфика, очекуваме Португалците официјално да го претстават, а Куни Моралес кариерата ја продолжува во ППД Загреб. 
Се шпекулира со статусот односно заминување од клубот на уште најмалку тројца ракометари. Што ќе биде од тоа, ќе се знае наскоро, кога малку ќе се смират страстите и ќе се сумираат впечатоците и анализите од тековната сезона, а воедно и ќе се прави планот за следната. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk