PLAY OF THE DAY: Пехарот стигна во Битола

Во Битола ќе се слави и денеска, втор ден по ред или трет ако сакате, од моментот кога се дозна дека математички Еурофарм Пелистер е новиот шампион на Македонија.
Фотографија што во Битола се чекаше цели 18 години. Е. Пелистер пак е шампион на Македонија, по седми пат и клубот го мина за еден шампионски пехар Металург, па сега одново е вториот најуспешен тим во Македонија. 

Е. Пелистер следната сезона ќе ја претставува Македонија во групната фаза од Лигата на шампионите. Рејтингот на македонскиот ракомет во ова натпреварување е доволно висок и веројатно и оваа и следната сезона ќе имаме претставник во групната фаза на ЛШ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk