Вардар ваков пласман немал речиси две децении

Вардар е македонската ракометна суперсила, но годинава работите не одеа како што посакуваше црвено-црниот тим, особено не во плејоф-првенството.
Веројатно добар дел ќе се согласите со нашето мислење дека Вардар 1961 и сезонава имаше најсилен состав во првенството, но, веројатно нешто не „кликна“ како што треба внатре во клубот.
Исто така силниот Е. Пелистер и потценетиот но со голем напредок Алкалоид не се исплашија од предизвикот и како финален резултат го имаме Вардар на третото место на конечната табела. 
Ваков пласман Вардар нема видено цели 18 години! 

Последен пат Вардар не бил меѓу 1 и 2 во сезоната 2004-2005 кога во плејоф беше поразен од Младост Богданци во битката за третото место. Тогаш првите две места беа за Пелистер и Металург. 
Тоа четврто место е најслабиот пласман на Вардар од моментот кога ја освои својата прва шампионска титула во сезоната 1998-1999. 

Ако не знаевте: Најслабиот пласман на Вардар во домашното првенство е во сезоната 1995-1996. Тогаш црвено-црните завршија на седмото место од вкупно осум екипи. Следната сезона беа на петтото место, а имаат и четирипати завршено на третото место (1994, 1995, 1998, 2023). 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk