Вардар остана и без СЕХА

Последиците за Вардар 1961 по вториот пораз од Алкалоид и пласманот на третото место ќе биде големи. Бившиот првак не само што по десетина години нема да игра во ЛШ, нема да игра ниту директно во групата во ЕЛ, туку едно коло квалификации и тоа најверојатно како тим од вториот шешир и на крај, го губи и правото да игра во СЕХА лигата следната сезона. 

Правилата на СЕХА досега доследно се применуваа. Првите две екипи од првенството, обезбедуваат пласман во оваа лига. Таков беше случајот кога Металург беше заменет прво од Зомимак, а потоа и од екипата на Е. Пелистер. Останат ли доследни, следната сезона во СЕХА би требало да играат Е. Пелистер и Алкалоид. 

Прашањето е како ќе изгледа СЕХА следната сезона, кога ниту годинешната не е завршена. Натпреварувањето се закочи во 1/8 финалето каде што треба да играат ППД Загреб и Нексе. Веројатно, ќе имаме сценарио како ланското, а тоа е на почетокот на следната сезона да се доигра актуелнава. Со поинакви состави, играчи... 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk