РК ВАРДАР 1961 - РК АЛКАЛОИД 21-25 (10-12)
Сала: „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Цане Куртовиќ
РК ВАРДДАР 1961:Јагуриновски, Стоилов, Аларов, Моралес 3, Георгиевски 4, Добрковиќ, Томовски, Лазаревски 2, Талески 4, Дутра 4, Ѓукиќ, Стојановски 3, Маркоски, Мишевски 1, Гогов
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 12 мин.
РК АЛКАЛОИД: Трајковски 1, Галевски, Џонов 4, Маркоски 1, Стојков, Младеновиќ 2, Серафимов 6, Илиески 1, Стојковиќ 2, Митев 3, Ѓоргиев 1, Симоноски 2, Омерагиќ, Кофилоски 1, Петковски 1, Савревски
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 10 мин.
Алкалоид е вицешампион на Македонија! Со победа над Вардар и тоа како гостин во последното коло, Алкалоид сезоната ја заврши на второто место и ќе игра директно во група на Европската лига!
Резултатски израмнето се играше на почетокот на натпреварот. Вардар ќе повлечеше, ќе поведеше со гол или најмногу два, но веднаш го стигнуваа ракометарите на Алкалоид. По 10 минути игра беше 3-3, по 15 беше 5-5. Потоа и Алкалоид поведе (6-5), а веднаш следеше и интервенција на Трајковски и гол за водство со два гола разлика ‘(7-5) по што Недановски веднаш реагираше со тајм аут.
Ништо не се смени посебно, напротив Алкалоид поведе и со три гола разлика, атрактивно, со цепелин (10-7). На четири минути до крајот, Алкалоид водеше и со плус четири (12-8). Имаше две чисти ситуации и можност да го задржи водството и до полувреме, но не реализираше гостинскиот состав, па на полувреме се замина со водство на Алкалоид од 12-10.
Вардар не успеа да направи офанзивна серија, па водството на Алкалоид од два до три гола беше актуелно и на полечетокот на вториот дел.
Средбата стана тензична со многу реакции кон судиите, а поискусните играчи на Вардар подобро се снајдоа во тој период и успеаја да израмнат на 18-18 во 47 минута.
Но, следните два гола беа во мрежата на Вардар и Алкалоид одново беше на плус два.
На теренот стана жешко, Алкалоид поведе 23-19 во 57 минута од средбата и потоа за Вардар веќе немаше враќање.
Поврзани вести