Крунисан е новиот првак - Еурофарм Пелистер

Е. ПЕЛИСТЕР - ТИКВЕШ  35-26 (16-17)

Вечерва Е. Пелистер го подигна шампионскиот пехар и ја презема улогата на шампион на Македонија од Вардар 1961. По 18 години чекање, битолчани ќе можат да го ословуваат својот тим како шампион, а тоа да не биде симболично, туку фактичка состојба.

Се беше решено многу порано, запечатено минатото коло, а вечерва Е. Пелистер одигра меч со славенички ноти против екипата на ГРК Тиквеш која на крајот на шампионатот го освои четвртото место и ќе се натпреварува во ЕХФ Европскиот Куп следната сезона. 

Вечерва во Битола се беше подредено на славење. Преполна сала, сите со шампионки маички, амбиент што ќе се памети и зборува во иднина. На теренот, повеќе славенички и ревијално, отколку со жар и борба во која летаат искри од дуелите. 
Е. Пелистер како и да е ја заврши сезоната со победа. Конечен резултат 35-26.

Долга ќе биде ноќта во Битола. Прославата од салата се сели на плоштадот и низ улиците и рестораните низ градот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk