Денеска завршува суперлигашката сезона во Македонија. Прв шампионат одигран со 16 екипи, критикуван систем, но ако поубаво и понесебично се погледне, овој систем според нас има повеќе добри од лоши страни.
На крајот на денот, ни понуди полни сали и во плејоф и плејаут, инересни дуели, неизвесност, еве до последен момент.
Денеска во Битола по 18 години доаѓа шампионскиот пехар. Битолчани се спремаат за славење, натпреварот со Тиквеш нема да има резултатско значење, а ќе биде директно пренесува на МТВ 3 за да се одбележи доделувањето на пехарот.
Во Скопје се игра дерби за бодови што решаваат како ќе изгледа списокот на патници за Европа. Вардар и Алкалоид играат за второто место, вечерва во „Јане Сандански“. Вардар е големиот фаворит на оваа средба, веќе двапати „кикснаа“ во плејоф првенството пред сѐ поради пристапот, а денеска се игра последен меч по кој речиси пола екипа заминува.
Во 14 часот, во Струга и Неготино, почнуваат дуелите што одлучуваат која екипа ќе му се приклучи на Радовиш во Првата лига, а која ќе игра бараж со Драчево за опстанок. Конкуренти се Јуниор Кисела Вода и Вардар Неготино.
27.05.2023 – САБОТА
14:00 часот РК СТРУГА – РК ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА
14:00 часот РК ВАРДАР НЕГОТИНО – МРК КУМАНОВО
17:30 часот РК СКОПЈЕ 2020 – РК РАДОВИШ
18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ГРК ТИКВЕШ 2014 – пренос во живо на МРТ
19:00 часот РК ВАРДАР 1961 – РК АЛКАЛОИД