Џомба ќе тренира „рисови“

Гоце Георгиевски Џомба, довчерашниот македонски репрезентативец и еден од најпрепознатливите ликови во македонскиот ракомет, следната сезона ќе има предизвик плус.

Георгиевски паралелно со играчката кариера ќе се „фрли“ и во тренерските води и ќе стане дел од стручниот штаб на ракометниот клуб Рисови. 
Овој клуб засега е ориентиран кон работа исклучиво со млади категории, се работи за млад клуб, но во неговото резиме или подобро кажано структура има длабоки корени од една од најуспешните школи во македонскиот ракомет, своевремено доминантната школа на Металург. 

„Пред се сакам да се заблагодарам на Ракометниот клуб Рисови за укажаната можност покрај играчката кариера да започнам со работа и во тренерската фела.
Ова за мене е предизвик и шанса стекнатото играчко искуство и знаење го пренесам на младите играчи,и да започнеме уште една успешна македонска приказна“, изјави Георгиевски. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk