Екипата на Мулти Есенс се кадетски шампион на Македонија. Тимот од Автокоманда, во финалето на Фајналфор турнирот ја совлада екипата на Струга (31-29) и прв пат стана шампион во оваа конкуренција.
Во финлето се играше израмнето, во првиот дел водеше Мулти Есенс и разлика поголема од два гола, но во вториот дел и составот од Струга имаше свои моменти, па и водство.
Финишот им припадна на ракометарите предводени од Влатко Котески кои беа поконкретни во нападот, а одбраната ги издржа нападите на струшките бекови, па во финишот и немаше голема драма со оглед на тоа дека на минута и пол до крајот Мулти Есенс имаше два гола предност и напад.
На Ф4 турнирот учествуваа и екипите на Голден Арт и Е. Пелистер. Третото место го освои екипата на Е. Пелистер.