Митревски на чекор до шампионски пехар!

Никола Митревски е многу блиску до освојување на шампионската титула во Португалија со екипата на Порто.
Во големото дерби на португалскиот шампионат, Порто минимално со 30-29 ја совлада екипата на Спортинг и на три кола до крајот на првенството има бод повеќе од директниот ривал за првото место. Патем Бенфика вчера неочекувано изгуби бод од дуелот со Беленесес (22-22) и дефинитвно отпадна од трката за титула. 

Во последните три кола, Порто игра со далеку послаби екипи и не би требало да има проблем да ја одбрани оваа минимална разлика во однос на екипата на Спортинг. 
Никола Митревски сезонава потпиша продолжување на договорот со Порто, што значи дека и следната сезона би требало да го гледаме во Лигата на шампионите. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk