Лазаров: Не смееме да губиме надеж

Македонија е во најтешката група на ЕП 2024. Играме со еден од топ три најсилните состави во светот во последната деценија, Франција, играме и со домаќинот на ЕП, Германија и со репрезентацијата на Швајцарија. 
Селекторот е свесен пред каков предизвик се наоѓа македонската репрезентација: 

„Добивме екстремно тешка група. Ќе работиме напорно за да го подигнеме нашето ниво за да можеме достоинствено да се бориме со светските велесили во ракометот. 
Ќе звучи многу нескромно да сме оптимисти во ваква група, но надежта никогаш не треба да се губи. Ќе треба многу жртвување и посветеност за да направиме компетитивна нова репрезентација со комплетната промена на герациите. Верувам во момците и тоа што го работиме“, изјави селекторот Лазаров. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk