Патници за Луксембург: Кизиќ добива шанса

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе патува за Луксмебург, каде што утре ќе го одигра претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП 2024. 

Селекторот Кирил Лазаров не можеше да смета на двајцата пикери, Костадин Петров и Марко Стојковиќ, а мораше и дополнително да го скрати списокот. За Луксембург ќе одигра 17 ракометари, а таму ќе им се приклучи и голманот Никола Митревски кој пред два дена имаше натпревар во Лисабон. 

За натпреварот со Луксембург, шанса да застане на голот ќе добие голманот на Е. Пелистер, Марко Кизиќ. Тој ќе биде заедно со Никола Митревски на терен, што значи дека во Скопје останува Мартин Томовски, кој останува во комбинација за натпреварот со Турција. 

Во Скопје ќе остане и дефанзивецот Едвин Омерагиќ, исто како и Томовски и тој ќе остане во комбинација за натпреварот со Турција. 

Натпреварот меѓу Луксембург и Македонија ќе се игра на 26 април со почеток од 20:15 часот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk