Големо дерби се играше денеска и во Португалија, а се сретнаа екипите на Бенфика и Порто. Средбата се играше во Лисабон, на теренот на Бенфика.
Во пресрет на оваа средба, Бенфика беше на третото место со 56 бода, Порто пред нив со 57 бода, а на првото место засега непоразениот Спортинг со 61 бод (Во Португалија за победа се добиваат три бода, за реми два, а за пораз еден бод).
Мечот беше вистинско дерби во секој поголед особено резултатски. Бенфика нешто подобра во првиот дел, имаше на почетокот и плус четири, а потоа плус три, плус два... Но, во вториот дел по израмнувањето на 15-15 до крајот беше главно еден гол разлика за едниот или другиот тим.
Македонскиот голман Никола Митревски во игра влезе во игра во 25 минута при резултат 15-12 и пенал за Ѓорѓиќ, Бенфика. Го одбрани тој удар, а потоа до крајот на средбата запиша вкупно 10 одбрани, од кои најважната во 57 минута кога спречи израмнување.
Конечно, натпреварот заврши со победа на Порто од 28-29 и сега на пет кола до крајот, во игра за титулата реално се само два тима.
Шампионската трка победникот ќе го дознае на 13 мај, кога во Порто ќе гостува тимот на Спортинг.
Поврзани вести