Стефан Додиќ го менува Загреб со Целје

Момчето кое израсна во „Автокоманда“, Стефан Додиќ, по една сезона мината како позајмен играч во ППД ЗАгреб, следните две, исто така како позајмен играч ќе ги мине во редовите на словенечкиот шампион Целје Пивоварна Лашко. 

Балклан хендбал, српскиот ракометен портал објави дека овој српски репрезентативец се договорил со Целје за двегодишна соработка, по што ќе му остане уште една сезона под договор со полскиот клуб Келце кој го доведе од редовите на Вардар, а претходно играше за Охрид и рековме се калеше и играше и за Металург. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk