Шарт се го отпушти Херона, селекторот на Србија

Заврши играта на две табли за селекторот на Србија, Тони Херона. Францускиот клуб Шарт каде што работеше од 2019, а требаше да си замине во јуни, реши предвреме да раскине со шпанскиот стратег. 
Тони Херона и Шарт имаат серија од седум порази и една победа, па стигнаа во опасната зона каде имаат само два бода предност пред Истр. 

Ваквата серија францускиот клуб ќе ја казни со предвремен раскин на договорот, а новоизбраниот тренер, Небојша Стојиновиќ, место од август уште во следното коло ќе ја преземе улогата на прв тренер. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk