Парондо се откажа од Калараш

Поранешниот вардаров ракометар, Русинот Глеб Калараш ја игра последната сезона за германскиот тим Мелзунген каде што одново работи заедно со тренерот Гарсија Парондо, таму е Рожерио Мораеш, а во јуни доаѓа и Даинис Криштопанс. 

Глеб Калараш во Мелзунген дојде како замена за повредениот Фин Лемке, кој на крајот објави и крај на кариерата. Тој добил нов договор од Мелзунген во јануари, го потпишал и вратил назад, но клубот не го верификува со свој потпис, туку по 20 дена му соопштиле дека од лето е слободен играч. 

„Мислев дека ќе останам. Добив договор, го потпишав и вратив, но потоа ме информираа дека од јуни сум слободен играч“, изјави Калараш и додаде во следниот период ќе ги убеди на терен дека направиле голема грешка што не му го продолжиле договорот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk