Савевски го скрати списокот за баражот со Украина

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го скрати списокот на ракометарки со од кој ќе биде селектиран и финалниот ростер за двата бараж дуела со репрезентацијата на Украина, на 8 април во Скопје и три дена подоцна во Кишварда, Унгарија. 

Од задолжителните 35, Савевски прецрта 15 играчи и со 20 ракометарки ќе се подготвува за овие два дуела. Во екипата се враќаат Ивана Гакидова и Елена Ѓоргиевска со што ќе добие на сигурност составот, а тоа ќе биде многу важно затоа што противникот со кој играме има во својот ростер неколку играчи што играат низ Европа и се меѓу најдобрите, како Ирина Глибко на пример која е втор стрелец во Европската лига во моментов.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk