Шлеп служба? Не треба, Порто ќе среди

Македонскиот голман Никола Митревски и неговите соиграчи од Порто, ги покажаа мускулите и надвор од терен. Не многу спретен возач го заглави својот мерцедес во песокот покрај патот што беше можност за ракометарите малку да се „размрдаат“, на раце да го кренат заглавеното возило и да го вратат на патот.

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk