Екс вардарка потпиша за Крим

Итана Грбиќ е ракометарката која ЖРК Вардар ја одбра по кадетскиот мундијал што се одржа во Македонија во 2013 година. Тогаш на светската смотра беа присутни ракометарки како Емили Болк, Кристина Ласло и Бјанка Базалиу на пример, но црвено-црните ја таргетираа црногорската ракометарка и таа во 2014 пред очите на разочараниот Будуќност, се пресели во Скопје. 
Во Будуќност замина по две години, во 2016 и оттогаш има настапувано за ЧСМ, ФТЦ и последно Брест Франција. 

Денеска е официјализиран нејзиниот трансфер во словенечкиот Крим. Таа изрази големо задоволство од трансферот обновувањето на соработката со тренерот Драган Аџиќ, и особено од враќањето во Љубљана каде што пред пет месеци со репрезентацијата стигна до бронза. 
Договорот е на две години. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk