Келце ќе продава уште двајца!

Полскиот клуб Келце утре ќе одржи прес конференција на која ќе изнесе детали за планираната иднина на клубот. 
Полскиот шампион се најде во лоша позиција откако му откажа главниот спонзор, пиварницата која обезбедуваше повеќе од 1/3 од нивниот буџет. Клубот веќе го продаде Недим Ремили на Веспрем, но со тој трансфер само купи малку време. Помош од градот добија и тоа од градските резерви, во износ од 100.000 евра, но тоа не е доволно за клубот да ги задржи сите играчи. 

Полските медиуми најавуваат дека клубот утре ќе информира дека ќе мора да продаде уште двајца ракометари, а тоа нејверојатно ќе бидат пикерот Артјом Каралек за кого одамна е заинтересирана Барса и германскиот сусперстар Андреас Волф за кого е заинтересирана пола Европа, особено Кил каде на лето си заминува Никлас Ландин. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk