ВИДЕОТО на Хенеберг од „ Јане Сандански“, трансфери, повреди



Данскиот ракометар на Е. Пелистер, Себастијан Хенеберг не беше во тимот на Е. Пелистер во Скопје, затоа што беше прекуброен странец, но беше со екипата и го сними видетото кое стана вирално и за уште поголем рзил на македонските екипи, беше прикажувано и на данските телевизии. На видеото се гледаат моментот кога ракометарите на Е. Пелистер бегајќи од теренот преку скршен прозорев влегуваат со соблекувалната, а некои од нив и се наоружуваат со метални шипки за да се бранат. 

ОД ЕВРОПСКАТА СЦЕНА ИЗДВОЈУВАМЕ: 

Магдебург се пофали дека потпишале нов договор со исландскиот ас Гисли Кристијансон и тој ќе остане нивни играч до 2028 година. 

„Убиецот“ на фаворити, екипата на Лајпциг до крајот на сезоната нема да може да смета на својот најдобар играч, Виго Кристијансон кој мораше на операција. 

Екипата на Рајн Некар Ловен следната сезона во своите редови ќе го има хрватскиот бек Иван Мартиновиќ. Тој во Махнајм ќе дојде од редовите на Мелзунген. Во РНЛ следната сезона би требало да пристигне и исландскиот бек Арнор Оскарсон од екипата на Валур. 

Хрватската репрезентативка Ќамила Мичијевиќ го напушта Мец на крајот на сезоната и ќе се пресели во екипата на Париз 92. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk