СЕХА: Вардар со Војводина, Е. Пелистер со Прешов

Формирани се 1/4 финалните парови во СЕХА шампионатот во кој учествуваат и двата македонски претставника, Вардар и Е. Пелистер. 
Во мини групите со по три екипи што се играа како главен дел на првенството, двата наши тима го освоија второто место и во елиминациите за пласман на Ф4 турнирот ќе играат со екипите на Војводина, односно Татран Прешов.

Ако поминат и двата тима, сосема извесно ќе гледаме нивна пресметка и на Ф4. Паровите се поделени, ако мине Вардар ќе игра со ППД Загреб/Нексе, а ако помине Пелистер ќе игра со Веспрем/Партизан. На овие дуели релано би биле аутсајдери, но се игра и меч за трето место.

СЕХА, 1/4 ФИНАЛЕ
ПАРТИЗАН - ВЕСПРЕМ
НЕКСЕ - ЗАГРЕБ
ВАРДАР - ВОЈВОДИНА
Е. ПЕЛИСТЕР - ТАТРАН ПРЕШОВ


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk