Пролет победува и во плејоф

Т. ПРОЛЕТ - ОХРИД   27-26 (14-13)
Василевски 9, Димковски 4 - Цирар 7, Дрогришки 6


По Еурофарм Пелистер 2 кој беше елиминиран од Т. Пролет во Куп на Македонија, втора суперлигашка екипа настрада во Скопје. 
Охрид во улога на фаворит допатува на дуелот со Т. Пролет, но дома си замина со празни раце. Скопскиот состав, кој во паузата во првенството ги продаде Аларов и Јагуриноски на Врадар, а Иван Џонов на Алкалоид и без низ освојува бодови. 

Денеска, Т. Пролет предводен од Александар Василевски кој постигна девет гола и тоа сите од игра, успеа да направи пресврт и од 6-10 во првиот дел, да стигне до 14-13 на полувреме. 
Во вториот дел, Пролет водеше 20-17, па Охрид се враќаше во игра, во финишот имаше и водство од 26-24, но последните три гола вклучително решавачкиот на Ласко Андоноски завршија во мрежата на гостинскиот голман.   

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk