Барса се ослободува од Циндриќ!

Шпанскиот медиум sport .es денеска објави наслов што почнува со  - Бомба!

Барса веќе нема да смета на Лука Циндриќ објаснува шпанскиот медиум, а во продолжение вели Лука Циндриќ нема добра сезона во Барса, неможноста да се врати во полна форма поради повреда и болки, пропушти многу натпревари и тренинзи и ситуацијата изгледа како да нема решение. 

Според нивните информации, Барса веќе го информирала Лука Циндриќ дека следната сезона нема да смета на него. Засега не е наведено дали ќе бара нова опција, но велат дека ако нема ново име, Пол Валера и Домен Макуц ќе ја преземат одговорноста. 

Лука Циндриќ е откритие на Лино Червар кој своевремено заедно до Вуко Борозан ги доведе од Карловац во Скопје, во Металург. Хрватот одлично се вклопи во тимот кој набрзо се распадна, а потоа по кратко време се врати во Скопје, но во дресот на Вардар и стана беше многу важен играч во 2017 кога Вардар ја прв пат ја освои Лигата на шампионите, патем и ја елиминираше Барса во полуфиналето со гол во последните секунди. 
По Вардар замина за Келце, а оттаму се пресели во Барселона со која одново стана европски шампион.
Таму дојде во 2018 со четиригодишен договор, а во 2020, додека тренер на Барса беше Чави Пасквал го продолжи договорот до 2025 година. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk