Десподовска продолжува со Кобержице

Македонската интернационалка Зорица Десподовска потпиша продолжување на договорот со полската екипа Кобержице и ќе остане таму најмалку до јуни 2024 година. 

Десподовска во Кобержице дојде во сезоната 2019/20 и во моментов е најдобриот стрелец на тимот со 125 гола на 28 одиграни натпревари. Таа изрази задоволство од продолжувањето на договорот, велејќи дека Кобержице го чувствува како нејзин втор дом и дека би можела засекогаш да остане таму. 

Зорица Десподовска (31) минатата година доби и полско државјанство, но (барем засега) нема најава дека би можела да заигра и за полската репрезентација, за што технички ги исполнува условите. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk