Нексе и Берлин завршија работа

Од денешна перспектива, гледајќи го дуелот меѓу Мотор и Нексе, можеме само посилно да ги гриземе усните за шансата што ја пропуштија битолчани оваа сезона во Европа. 
Шанса што можеше да ја направи нивната евро-сезоната екстра успешна, а за македонскиот ракомет во Европската лига да заработата вредни бодови со кои ќе им се олеснеше на следните учесници во ова реномирано и од следната сезона реновирано натпреварување. 

Нексе гостуваше кај Мотор во Украина запиша лесна победа од 27-23 која можеше да биде изразена најмалку со двојно повеќе голови доколку беа фокусирани на таа цел. Но, следи реванш во Нашице во кој ќе ги залечат раните од поразот од ППД Загреб во првенството.

Истовремено, во Данска се играше мечот Скјенр - Фуксе Берлин. Германците полнаа фуриозно, поведоа со 5-1, а потоа цело време Скјерн трошеше сили за да намали. Успеа во еден момент да стигне на минус еден, но веќе во следниот загуби концентрација и Берлин молњевито се врати во позитива, конечна од пет гола 28-23. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk