-
21.03.2023
-
Вести, Трансфери
Поранешната руска ѕвезда и екс тренер на ЖРК Вардар (2017-18), Ирина Дибирова (Полторацкаја) ќе го замени Едуард Кокшаров на тренерската позиција во рускиот клуб Ростов Дон.
Кокшаров неодамна се раздели со Ростов, откако не успеа да и парира на ЦСКА Москва во домашниот шампионат и веднаш најде нов ангажман во Мешков Брест. Дибирова, пак, ако сѐ оди како што се предвидува, ростовскиот клуб би требало да го преземе на крајот на сезоната.
Српскиот бек Петар Ненадиќ по заминувањето од Веспрем се пресели во ПСЖ, но таму е само до крајот на сезоната. Во меѓувреме, како најсериозен кандидат за неговиот потпис од следната сезона се појави полската екипа Висла Плоцк. Дури има и гласање на еден од најпознатите полски медиуми, Спортове факти. На прашањето дали би сакале да го видите Петар Ненадиќ во дрес на Висла, засега односот е 60:40, за. За жал, не се знае колку од гласачите се фанови на Келце.
Гедеон Гвардиола нема да се врати во Шпанија како што се најавуваше. Откако ќе го напушти Лемго, шпанскиот дефанзивез специјалист ќе се пресели во редовите на екипата на Ерланген.
На 69 годишна возраст почина Ролф Брак, познат германски тренер кој своевремено, како селектор на Швајцарија има гостувано и во Скопје, на дуели од квалификаии со Македонија. Тие дуели убедливо ги доби Македонија. Ролф Брак потоа беше тренер на Гепинген, Ерланген, а последниот ангажман му беше во екипата на Римпар, во пониските лиги на Германија.
Поврзани вести