Комити и Чкембари се спремаат за дербито

Се ближи денот за првото мега дерби во македонскиот шампионат сезонава. Вардар во недела ќе го пречека Е. Пелистер во „Јане Сандански“. Двете навивачки групи најавија масовно присуство на натпреварот. 

„Спремни за инвазија“ е мотото во Битола пред неделното дерби. Битолските „Чкембари“ веќе се мобилизираат и веројатно ќе бидат во бројка како и на претходното дерби, а тоа од „око“ е околу 300-400 навивачи, можеби повеќе, можеби помалку. 

- Во недела нека крца трибината, да се чудат! Вака, пак, Комити го најавија неделното дерби на кое сигурно ќе ги има во голем број. 

По долгогодишната доминација на Вардар во домашното првенство, сезонава, неспорно, шанси за првото место има и Е. Пелистер и тоа го прави ова дерби посебно чувствително, а поддршката или притисокот од трибините си има посебно место на дерби натпреварите. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk