Вардар и Е. Пелистер договорија мегдан

Годинешново превенство, интересно како ретко кога досега, викендов ја носи и првата голема битка за шампионскиот пехар.
Два тима се реалните кандидати за победничкиот пехар и оваа сезона, а тоа се бранителот Вардар 1961 и екипата која близу две децении чека пехар во Битола - Еурофарм Пелистер. 

Првото дерби ќе се игра во Скопје, во „Јане Сандански“ во недела со почеток од 18:00 часот. ТВ пренос од овој дуел, секако ќе има. Ако сакате да гледате во живо, задоволството нема да ве чини многу, билетите се по цена од 150 и 200 денари.

Двата тима викендов имаа релативно лесни задачи за пласман на фајналфор завршницата во Купот на Македонија. Вардар е во улога на фаворит, тоа е секогаш така кога играат на домашен терен, но Е. Пелистер сега има нова позитивна енергија во тимот откако го сменија тренеро, ги поставија Јовиќ и Шундовски на клупата и го победија Нексе во СЕХА шампионатот. 

Но, првиот од двата меча на сезоната е нешто посебно и поинакво. Со нетрпение го чекаме првиот голем дуел. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk