Мулти Есенс најблиску до Супер лига

Викендов заврши натпреварувањето од есенскиот или прелиминарниот дел од Првата лига. По комплетирњето на 16 кола, екипите се поделени во плејоф и плејаут. 

Десет екипи влегуваат во плејоф шампионатот со тоа што се пренесуваат бодовите од натпреварите што се играа досега по групи.
Мулти Есенс, екипата која првенството го заврши со максимални 16 од 16, со 24 бодови стартува во плејоф. Скопскиот клуб составен од млади главно кадетски и јуниорски репрезентативци на Македонија ќе има пет бода предност пред второпласираниот Драчево и дури девет пред третопласираниот Аеродром. 

Во Суперлигата директно се пласираат првите две екипи, додека третопласираната ќе игра еден бараж натпревар со шестопласираната од плејаут првенството во сегашната Суперлига. 

Утре ќе се одржи ждрепка за натпреварувачки броеви по што ќе биде познат и распоредот на натпреварите. 
Во моментов, пред да почне во тоеријата првото, а во пракса деветтото коло табелата изгледа вака:

Прва лига, плејоф, табела:

1. Мулти Есенс 24 бода
2. Драчево 19
3. Аеродром 16
4. Младост Богданци 15
5. Голден Арт 2 12
6. Македонија Ѓорче Петров 10
7. Металург РА 9
8. Кичево 6
9. Шампион 4
10. Астраион 3

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk