PLAY OF THE DAY - Дамјан Митев, новата надеж на РК Алкалоид (ВИДЕО)

РК Алкалоид на дуелот од финалето во групата од Куп на Македонија го промовираше својот нов бисер - бекот Дамјан Митев. 
Овој 17 годишен ракометар висок 191 сантиметар е голема надеж на клубот. Зимава беше прекомандуван од Мулти Есенс во Алкалоид со цел побрзо да се развива и напредува. Алкалоид одигра неколку многу важни натпревари на почетокот на сезоната во кои место во тимот имаа повозрасните ракометати, но на дуелот со Вардар Неготино шанса и тоа како носител уште во првиот дел доби Митев. 
Натпреварот го заврши со седум постигнати гола, седмерци шутираше 5/6, двапати од дистанца распали по голот на Ацев, а неколкупати атрактивно асистираше и изнудуваше овации од публиката. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk