Кичевските Асови добија високи казни

Во кадетската лига на Македнија, на натпреварот меѓу Асови Кичево и Прилеп имаше инцидент на теренот, била принудена да интервенирала и полицијата, а биле приведени и лица кои од трибините влегле на терен да делат нивна правда. 
Натпреварот беше прекинат и не се доигра затоа што инцидентот ги минал црвените линии. 

Дисциплинската комисија на РФМ ги објави казните за актерите во инцидентот. Првенствено средбата е регистрирана со резултат 10-0 за Прилеп, а на Асови Кичево им е одземен еден бод. 

На тренерот на кичевската екипа, Зоран Андрески му е изречена суспензија од 14 месеци. 
На ракометарот на Асови, Божидар Костески му е изречена суспензија од 12 месеци.
На ракометарот на Асови, Филип Лазески му е изречена суспензија од пет натпревари.
Екипата на Асови Кичево во следните три натпревари на домашен терен ќе ги игра без публика. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk