Танески ќе ја враќа Струга во игра

Екипата на Струга во суперлигашкиот плејаут влезе како најдобро рангирана екипа од групата „А“, но тоа го материјализираа. 
Трите бода со кои влегоа во плејаут се единствените што ги имаат на салдото и по четири кола. Тоа ги донесе во зоната на испаѓање и седга се на седмото место со бод повеќе од последниот Радовиш и бод помалку од шестопласираниот Јуниор Кисела Вода. 

По ваквиот неочекувано лош старт, стружани се решија во игра да се враќаат со смена на тренерот. Жарко Ферукоски заминува, а на неговото место доаѓа или се враќа Наум Танески, од скоро дел и од машката сениорска репрезентација на Македонија. 

Во следното коло, Струга ќе игра на гости кај екипата на МРК Куманово која за плејоф битките се засили и сега има неколку странски играчи што ги водат кон опстанок во суперлигата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk