Украински тренер почина на терен

Тренерот на украинската екипа Одеса, Михаил Шчукин починал на теренот, непосредно пред почетокот на натпревар. 
За време на загревањето на екипите, дваесетина минути пред почетокот на натпреварот, Михаил Шчукин се онесвестил на теренот. Веднаш му била пружена помош од докторите на екипите, но за жал не успеале да му ја вратат свеста.

Михаил Шчукин е тренер кој со години ја водел екипата на Одеса и со неа се пласирал во Супер лигата, а стигнал и до финале на Куп, патем и неколку пати играле во Европските купови. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk