Во исчекување на следното првенствено коло што треба да биде најинтересното во досегашниот дел од првенството затоа што прв пат ќе се сретнат Вардар и Е. Пелистер, екипите ќе се „загреваат“ во групите од Куп на Македонија.
Денеска дерби на денот е дуелот меѓу Алкалоид и Бутел Скопје, две екипи што исто така се среќааваат и во првенството следното коло.
Викендов ќе се комплетираат четирите групи по што победниците од секоја од нив ќе бидат квалификувани на завршниот „Ф4“ турнир.
Т. Пролет е првиот финалист откако вчера го совлада тимот на Голден Арт, а денеска и утре ќе бидат познати и другите финалсти, како и победници на групите.
Сите натпревари од оваа фаза на Куп на Македонија ќе можете да ги следите на Јутјуб каналот на РФМ со клик на еден од следниве линкови.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – МАЖИ
18.03.2023 – САБОТА
12:30 часот МРК КУМАНОВО – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
13:00 часот РК РАДОВИШ – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
14:30 часот РК СТРУГА – ГРК ТИКВЕШ 2014
15:00 часот РК ПРИЛЕП – РК ВАРДАР НЕГОТИНО
17:00 часот РК ВАРДАР 1961 – ГРК ОХРИД
18:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК АЛКАЛОИД
19:00 часот РК ЈУНИОР К.В – РК СКОПЈЕ 2020
19:00 часот ФИНАЛЕ – ГРУПА 2
20:00 часот ФИНАЛЕ – ГРУПА 4