-
16.03.2023
-
Вести, Планета ракомет
Европското првенство во женска конкуренција во 2024 година ќе се одржи во три држави како што беше планирано. Унгарија сакаше да се повлече од организацијата на шампионатот и тоа ги доведе сите четири страни, вклучувајќи го и ЕХФ во многу непријатна положба. ЕХФ, има разни механизми за убедување, па Унгарија остана во проектот, со изменета улога.
На крајот, изнајдоа компромисно решение. ЕП ќе се игра во три држави, но нема да буде Унгарија главниот организатор, туку Австрија.
Унгарија ќе има една група во прелиминарниот и една во главната рунда, а ќе се игра во Дебрецен. Групата што требаше да се игра во Будимпешта ќе се игра во Виена.
Финалниот викенд, исто така ќе се организира во Виена.
Ова ќе биде првото ЕП со 24 репрезентации, па очекуваме таму да се квалификува и Македонија. Нашата репрезентација со оглед на тоа дека учествуваше на последното ЕП, како еден од организаторите, ќе биде во вториот шешир во ждрепката што ќе се одржи на 20 април.
Вкупно 20 места ќе бидат слободни во квалификациите, имајќи предвид дека Австрија, Швајцарија и Унгарија како домаќини се веќе пласирани, директно е пласиран и европскиот првак - Норвешка.
Ќе се игра како и во машките квалификации, осум групи со по четири екипи од кои првите две одат директно на ЕП, а пласман ќе обезбедат и четири најдобри третопласирани.
Поврзани вести