Со нов селектор против Македонија

Следниот противник на Македонија во квалификациите за ЕП 2024, репрезентацијата на Луксембург, со нов селектор ќе не пречека на дуелот од петтото коло. 

Никола Малешевиќ, српскиот селектор кој во 2018 застана зад кормилото на репрезентацијата на Луксембург, а во пресрет на квалификациите и го продолжи договорот, заработи отказ. 

Луксембург беше поразен на двата натпревари со Турција. На домашен терен минимално со гол во последната секунда (29-30), а на гости поразот беше убедлив (20-31). 
По ова Луксембург ги загуби шансите да биде на третото место, а нивната федерација сметаше дека имале поголем потенцијал од ова и го раскина договорот со Малешевиќ.
Привремено решение на клупата на Луксембург ќе биде досегашниот спортски директор Маик Хандчке. Тој ќе ја води екипата на дуелите со Македонија и Португалија како привремено решение пред да биде назначен  нов селектор. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk