Легендарниот дефанзивец ја заврши кариерата

Неубави, но очекувани вести стигнаа од екипата на Мелзунген. Легендарниот германски дефанзивец Фин Лемке предвреме ја заврши професионалната кариера.

Фин Лемке е лев бек висок 210 см, а неговата специјалност е играта во одбрана. Многу ѕвезди ја имаат почувстувано жештината не неговите дуели. Тој има само 30 години, но во 2021 на почетокот на сезоната заработи повреда на стапалото. После многу третмани за рехабилитација и неколку обиди да се врати на теренот, конечно, мораше да ја донесе најнепопуларната одлука - да ја заврши кариерата. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk