Борозан се враќа во Загреб?

Поранешниот ракометар на Вардар и поранешен репрезентативец на Црна Гора наводно се враќа во екипата на ППД Загреб.


Вуко Борозан летоска потпиша за ППД Загреб и беше најавен како големо засилување. Но, не одигра ниту една минута за клубот. Не доаѓал на тренинзи, бил подготвен и клубот му врачи отказ со образложение дека не ги исполнил целите да биде спремен за сезоната.

Оттогаш му се „губи“ трагата. Се шпекулираше дека ќе се врати на Блискиот исток и слично, но еве го, повторно во Загреб. Хрватскиот „Германијак“ вели дека Борозан е повторно назад, тренира и со оглед на тоа е слободен играч без клуб, може да биде регистриран во кое било време. 

Како ќе изгледа новата епизода ќе видиме. Борозан е доста контроверзна личност која во Македонија дојде благодарение на Лино Червар. Старата лисица имаше добри конекции во Хрватска од каде што, во малиот Карловац беа пронајдени двете големи надежи - Вуко Борозан  Лука Циндриќ и тие се преселија во Металург во 2014. Истата година почна големата криза во Металург, па Борозан замина за Германија, во Либек и по две години се врати во Скопје, но во екипата на Вардар со која во 2017 стана европски првак. Потоа почна кризата и во Вардар и Борозан беше еден од првите што замина и потпиша за Веспрем. 
Од таму се пресели во Ал Араби, па дојде во Веспрем. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk