Денеска Пелистер со нови тренери против Нексе, каде да гледате?

Во првиот загревачки круг пред големото дерби со Вардар, битолски Е. Пелистер, вечерва, пред своите гледачи ќе го пречека незгодниот состав на Нексе Нашице во рамките на СЕХА шампионатот. 

Оваа средба почнува во 18:00 часот, а ќе може директно да ја следите на МТВ - 3. 



Почнува ли долгонајавуваната „зелена“ ера? Оптимизмот и позитивната промена на атмосферата по мачната полусезона под водство на Ларс Валтер нагло се зголемија откако на клупата на битолчани дојде Александар Јовиќ, а по подолга пауза во македонскиот ракомет се врати и Звонко Шундовски. 

Е. Пелистер летово склопи добар тим на хартија, што на терен не беше толку добар. Дали беше до тренерот или до играчите или до нешто трето или од сѐ понешто,  ќе посведочиме во следниов период. 
Јовиќ, а и Шундовски доаѓаат во првата екипа во за нив незгоден момент, во тим што не ги исполни европските амбиции, екипа што не ја селектирале самите и ќе мораат да се адаптираат.
Во нивни плус е што играчите што ги затекнуваат не се аматери, туку селектирана легија од повеќе држави и ракометари што имаат педигре, па опции за работа ќе имаат. 
Нивниот минус е што немаат доволно време. Репрезентативни обврски кај еден дел, повредите на Павле Атанасијевиќ, Пешевски и Танкоски кои откаажаа на репрезентацијата, а и најопасното нешто - дербито за Вардар е за само 10-тина дена. 

Како и да е, очекуваме подобар Пелистер отколку што гледавме досега. Не мора тоа да е вечерва, иако јавноста кај нас нема трпение, па би било подобро уште вечерва да видиме нешто подобро од досега. 
Нексе не доаѓа во комплетен состав, не доаѓаат играчите што беа со репрезентацијата, но доаѓа со сериозен тим во Битола и нема да биде аутсајдер. 

Александар Јовиќ: Нè чека тежок натпревар со една одлична екипа, која преферира динамична игра. Од овој натпревар на секој натпревар ќе играме на победа. Она што го видовме во овој краток период ни дава до знаење дека имаме добри индивидуалци, кои треба да ги вклопиме во добар тим. За тоа треба и малку време. Од играчите барама лавовска бобреност и да го спроведат тоа што го тренираме овие пет дена.
Битола е најракометен град и мислам дека во вторник ќе се покажеме во поинакво светло, со многу борбеност со подобар ангажман и од страна на играчите, и од страна на клупата.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk