Нема ново ЕП за Криштопанс

Репрезентацијата на Летонија е елиминирана од трката за пласман на ЕП 2024. Тие денеска по втор пат загубија од репрезентацијата на Италија и веќе немаат шанси да се изборат ниту за третото место кое евентуално води на финалниот турнир. 

Поранешниот вардаров ракометар и светска мега ѕвезда, Даинис Криштопанс ја одведе Летонија на претходното Европско првенство 2022, но оттогаш нема заиграно за репрезентацијата . Во овие квалификации, без џинот од ПСЖ, Летонците беа немоќни на дуелите со Полска (18-35), Франција (19-37) и на двете средби со Италија (23-29, 23-36). 

Елиминирани од трката за ЕП се и репрезентативците на Луксембург, од групата во која е и Македонија. Луксембург денеска го запиша вториот пораз од Турција (20-31) и во пракса ги загуби и шансите за третото место. 

Турција исто како и Италија, во пресрет на последните две кола влегуваат во мноу неизвесна завршница. Најреалното сценарио е да ги загубат последните две средби, но тоа ќе биде воведн во една трка за пласман во која ќе репава гол разликата. 

Имено, од сите осум третопласирани, според наша проекција, единствените што ќе имаат два бода и директен пласман на ЕП се Грците. 
Другите седум со нула бодови ќе влезат во калкулациите, а во моментов нивните гол разлики се движат од -18 до -25. Три од седум репрезентации со нула бодови (се сметаат само натпреварите со екипите 1 и 2) ќе пресметуваат гол разлика на крајот на квалификациите доколку не успеат да победат некого од фаворитите и за нив буквално секој гол може да значи ЕП. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk