Два од два за кадетите (ФОТО)

фото: Ракометна федерација на Македонија

Македонските кадети имаа успешен викенд во Автокоманда. Гостин беше репрезентацијата на Романија, одлична екипа која за малку не успеа да се квалификува на Светското првенство на кое ќе игра Македонија. 

Македонската репрезентација оствари две победи, првата од 31-30, втората 32-28 при што селекторот Раде Стојановиќ и неговиот тим во кој се Бранко Ангеловски, Наум Танески имаа можност да видат и нови лица, а и да ги одржат во репрезентативна форма играчите кои минатото лето обезбедија пласман на СП 2023 и ЕХФ Еуро 2024.

Галерија

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk