Македонските кадети втор пат ја победија Романија

Македонската кадетска репрезентација комплетираше подготвителен двомеч со врсниците од Романија, во рамки на подготовките за настапот на Кадетското Светско првенство што летово ќе се одржи во Хрватска.



Македонија по втор пат ја совлада Романија. По вчерашните 31-30, денеска македонските кадети славеа победа од 32-28. Македонскиот тим го контроилираше резултатот и имаше водство во најголемиот дел од првото полувреме, на моменти и со пет гола разлика (12-7). На полувреме беше 15-12. 
Во вториот дел Романците успеаја да израмнат, но во финишот одново доминираше македонскиот состав и стигна до заслужената победа. Александар Петковски и Давид Димевски со по шест гола беа најефикасни во нашиот тим. 



Романија, за разлика од Македонија нема да настапи на Светското првенство во Хрватска. Тие беа организатори на ЕХФ Шампионат, но во полуфиналето беа поразени, минимално од репрезентацијата на Австрија (30-31) и на крајот завршија на третото место. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk