Лазаров направи две измени за реваншот

Селекторот на машката репрезентација на Македонија направи две измени во составот за вечерашниот реванш со Португалија. 



Пикерот на Вардар, Михаил Аларов ќе добие шанса да игра за репрезентацијата. Интересен профил, тоа е пивот што игра во два правца, потенцијал за иднина, особено кога ќе бидеме комплетни. Од комбинација испадна крилото Цветан Кузманоски.
Ќе видиме како ќе изгледа на терен тоа во моментов е најважното, а Лазаров со него би требало да добие брзина во транзицијата.
Втората замена е Михајло Младеновиќ на местото на Марко Мишевски. Слична приказна, играч во два правца, доста побрзо решение и бек кој може и во напад да биде повеќе користен. Во секој случај и со него транзицијата е полесна. 

Селекторот на Португалија не направи измени, односно не го внесе во игра Франциско Кико Кошта кој веќе се рехабилитираше од повредата. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk